Свет Европа Ница забрани носење на буркини

Ница забрани носење на буркини

Ница се приклучи кон другите француски летувалишта и забрани носење на буркини, муслимански костим за капење, кој целосно го покрива женското тело.

Како што се наведува во соопштението испратено од градските власти, „градот забранува буркини, бидејќи отворено се манифестира припадност кон одредена религија во време кога Франција е на мета на терористички напади,“ јавуваат светските агенции.

До сега, 15 градови во Франција забранија носење на буркини, вклучувајќи го и Кан каде што четири жени беа парично казнети, бидејќи не ја почитуваа одлуката.