Македонија Нимиц ги потврди посетите на Скопје и Атина следната недела

Нимиц ги потврди посетите на Скопје и Атина следната недела

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц вечерва преку соопштение официјално ги потврди посетите на Атина и Скопје.

„На покана на владите на Грција и ПЈРМ, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц ќе престојува во Атина и Скопје во периодот од 29 јануари до 1 февруари како дел од напорите на ОН да им помогнат на двете страни да пронајдат взаемно прифатливо решение за прашањето за името“ се вели во соопштението.

Нимиц на 31 јануари ќе пристигне во Скопје, а веќе следниот ден ќе има средби со државниот врв.