Економија Николовски: Земјоделците се жалат дека исполнуваат услови за субвенции, а пари нема

Николовски: Земјоделците се жалат дека исполнуваат услови за субвенции, а пари нема

Во струмичко Босилово, земјоделците му се пожалиле на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, дека останале без субвенциите за 2012, 2013 и за 2014 година, иако сите документи и услови ги имаат исполнето.

– Се прават намерни административни грешки, со што субвенциите им се кратат на 5.000 вистински земјоделци, а парите завршуваат кај луѓе блиски на власта – изјави Николовски.

Тој испрати порака до земјоделците да ги чуваат сите документи и судски решенија, во кои судот потврдил дека им следуваат субвенциите.

Вети дека „по смената на власта, ќе се исправи оваа неправда и сите земјоделци ќе ги добијат парите што им следуваат со закон“.