Економија Николовски: Се прави попис на земјоделците заради агитација

Николовски: Се прави попис на земјоделците заради агитација

Луѓето на Груевски, поставени на раководни места во институциите, наместо во служба на земјоделците, имаат една единствена задача, да агитираат за ВМРО-ДПМНЕ и да ги држат земјоделците во заложништво, изјави денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според Николовски, вработените во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола, сакале да прават своевиден попис кај земјоделците.

– Директорот на оваа агенција, надвор од законот, дал писмени инструкции до советниците да одат на терен и да почнат да прибираат податоци од земјоделците за целокупната нивна имотна состојба, и тоа почнувајќи од лични контакти, телефонски броеви, што работат, што произведуваат и какви им се плановите. По налог на директорот, советниците ги прибираат и сите податоци за земјоделските производители, поврзани со апликации за земјоделски субвенции и за други програми на владaта, како и за земјоделска земја под закуп – изјави Николовски.

Тој упати порака до земјоделците  да не подлегнуваат на ваквите притисоци.