Македонија Николовски на сесија на ООН: Главен приоритет за Владата останува борбата против...

Николовски на сесија на ООН: Главен приоритет за Владата останува борбата против корупцијата

Фото: Влада на РСМ

„Борбата против корупцијата е клучен приоритет во владината рамка „Акција 21“, и тоа е резултат на нашата определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава, ред и поредок. Преку спроведување и имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата, како и преку Планот на Владата за борба против корупција, создаваме општество во кое нема да има место за корупција, во кое се почитува правото и заштитата на човековите права за секој граѓанин“, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, на специјалната видео сесија на ООН за борба против корупција: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите, да изградиме подобар свет за сите нас.

Николовски посочи дека корупцијата и криминалот не познаваат граници и дека Северна Македонија за прв пат донесе План за борба против корупцијата, составен од системски мерки, за длабоки реформи во општеството, кој се заснова на неколку столба – дигитализација, механизми за проверка на имот и капитал, конфискација на нелегално стекнат имот, транспарентност, подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција, високо ниво на интегритет и етички стандарди за носителите на јавни функции.