Економија Николовски: Ќе ги запреме криминалот и корупцијата

Николовски: Ќе ги запреме криминалот и корупцијата

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари средби со жителите на Македонски Брод.

– Огромната миграција на младите луѓе е сè позастапена во Македонски Брод. Невработеноста, сиромаштијата и лошата економска состојба се поразителните резултати од погрешните политики на Груевски и на „фамилијата“, кои ја пустошат Македонија – беше истакнато на средбата.

Николовски изјавил дека наместо 630 милиони евра за споменици, можеле да се отворат 126 фабрики и да се вработат повеќе од 100.000 граѓани.

– Милионите што завршија во џебовите на Груевски и на „фамилијата“, медиумските мегфони и сите блиски до оваа криминална банда ќе ги вратиме назад кај граѓаните. Секој што се огрешил пред закон, ќе одговара – изјавил Николовски.