Македонија Никола Тодоров во посета на Париз

Никола Тодоров во посета на Париз

Од денеска, во тридневна работна посета на Франција претстојува министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој ќе ја искористи посетата да ја промовира и да ја афирмира идејата за слободни здравствени зони.

Во рамки на престојот, предвидена е посета на клиничките центри во Тулуз и во Лион, како и болниците „Сент Џозеф“, „Амбросе Паре“ и„ Д’Ентони“ во Париз.