Македонија Никола Попоски во Стразбур на состанок на Паневропската Унија

Никола Попоски во Стразбур на состанок на Паневропската Унија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе има обраќање на состанокот на работната група на Европската народна партија (ЕПП) во Паневропската Унија, во Европскиот парламент во Стразбур.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, пред членовите на работната група, министерот Попоски ќе се осврне на европскиот интегративен процес на Република Македонија и на перспективите за почнување на преговорите за членство во Европската Унија.