Македонија Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утре и задутре ќе учествува во работата на 22. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Белград, Србија.

На состанокот, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на српското претседавање со ОБСЕ.

Попоски ќе има свое обраќање со кое ќе ги претстави ставовите на Република Македонија.