Свет Нигериската војска „случајно“ бомбардирала бегалски камп, повеќе од 100 загинати

Нигериската војска „случајно“ бомбардирала бегалски камп, повеќе од 100 загинати

Авион на нигериската војска во акција против Боко харам „случајно“ бомбардирал бегалски камп, при што биле убиени повеќе од 100 бегалци, соопштија нигериските власти.

Командант Лаки Ирабор потврди дека владин авион по грешка бомбардирал бегалски камп во североисточната област Ран, во близина на границата со Камерун.

Во бомбардирањето се повредени повеќе бегалци и хуманитарни работници, меѓу кои и персонал на организацијата „Лекари без граници“ и на Црвениот крст.

Претставниците на државата Борно помагаат во координација и во евакуација на повредените.
Ова е првпат нигериските претставници да признаат ваква грешка.