Свет Нигерија: 44 загинати во два одвоени напади

Нигерија: 44 загинати во два одвоени напади

Најмалку 44 лица загинаа, а околу 70 се повредени во синоќешните два бомбашки напади на џамија и на ресторан во нигерискиот град Џос, во централниот дел на земјата, соопштија денеска нигериските власти.

Првиот напад бил на џамијата „Јантај“, во моментот кога муслиманскиот свештеник повикал на мирен соживот меѓу верниците од различни вери. Верници имало и пред џамијата.

Вториот напад бил на елитен ресторан, кој обично го посетуваат политичари.

Инцидентите се последни во низата напади кои екстремистичката организација Боко харам ги изврши во Нигерија.