Свет Нигерија: 36 загинати во терористички напад

Нигерија: 36 загинати во терористички напад

Најмалку 36 лица загинаа во тројниот самоубиствен напад во северозападното нигериско село Јамаркуми.

Како што јавуваат локалните медиуми, тројца мажи ги активирале експлозивните направи на безбедносен пункт, при што загинале војниците и деца кои продавале на улицата.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.