Свет Нигерија: 27 загинати при два самоубиствени напади

Нигерија: 27 загинати при два самоубиствени напади

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во два самоубиствени напади на автобуски станици во северниот нигериски град Потискум.

Како што јавуваат локалните медиуми, при првиот напад, извршен од жена-самоубиец, загинале 17 луѓе, а повеќе од 50 се повредени.

Втората експлозија се случила неколку часа подоцна, на автобуска станица во градот Кану, кој е честа мета на Боко харам. Засега никоја не ја презел одговорноста за нападите.