Uncategorized Нигерија: 200 војници загинаа за време на посетата на Џон Кери

Нигерија: 200 војници загинаа за време на посетата на Џон Кери

Најмалку 200 припадници на нигериската војска загинаа за време на судирите со исламските екстремисти, кои на три фронта го нападнаа североисточниот нигериски град Мајдугури.

Бунтовниците истовремено продолжија со напади на селата во државата Адамава, каде покрај пљачкање, убивање и палење куќи, се киднапирани за десетина жени и деца.

Нападите се случија за време на посетата на американскиот државен секретар Џон Кери во Лагос, на 1.500 километри од Мајдугури.