Свет Нигерија: 15 загинати во два самоубиствени напади

Нигерија: 15 загинати во два самоубиствени напади

Најмалку 15 лица утринава загинаа во бомбашки напад на две жени-самоубијци на североистокот на Нигерија.

Нападот се случил во шест часот наутро, во џамија полна со верници во градот Даматура, во државата Џобе.

– Една од жените напаѓачи влегла во џамијата и го активирала експлозивот, додека другата жена е видена во непосредна близина. Таа го активирала експлозивот кога некој од насобраните ѝ пришол и ѝ поставил прашање – изјави еден од локалните жители.

Во нападот за кој одговорноста ја презеде милитантната група Боко харам, повредени се и 12 лица, кои веднаш се префрлени во болница.