Свет Нигерија: 10 загинати во самоубиствени напади

Нигерија: 10 загинати во самоубиствени напади

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени откако тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа на пазар во североисточниот нигериски град Чибоку, соопшти локален претставник.

Претставникот вели дека ова се првични информации и оти можно е бројот да на жртви и на повредени да се зголеми.

Нигерија во последните неколку години е честа мета на екстремистичката група Боко харам, која ѝ изрази верност на Исламска држава и се обидува да воведе калифат во земјата.