Македонија Невреме со интензивен пороен дожд ќе има попладнево, предупредува УХМР

Невреме со интензивен пороен дожд ќе има попладнево, предупредува УХМР

Во делови од скопската котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град

фото: Мета.мк

Управата за хидрометеоролошки работи, на својот профил на Фејсбук преупреди за локално невреме поладнево во делови од земјава. Како што оттаму појаснуваат, поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

„И во делови од скопската котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град. Исто така, поради многу топлото време, и денес ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од висока температура“, информираат оттаму.