Економија Невработеноста во првиот квартал изнесува 22,9 проценти, објави ДЗС

Невработеноста во првиот квартал изнесува 22,9 проценти, објави ДЗС

Во првото тримесечје од 2017 година, активното население во Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лице се невработени, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 56,7 проценти, стапката на вработеност е 43,7 проценти, додека стапката на невработеност е 22,9 проценти.

Стапката на невработеност во првиот квартал годинава, споредено со истиот период лани, е намалена за 1,6 отсто.