Македонија Невладината „Уфук“ повикува на бојкот на „Сител“

Невладината „Уфук“ повикува на бојкот на „Сител“

Невладината организација „Уфук“ реагира на обраќањето на главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во вестите му рече „лажеш како Турчин“.

„Зборовите што ги слушавме пред малите екрани беа шокантни, длабоко навредливи и неприфатливи. Се прашуваме, воедно и јавно прашуваме од каде Латас ја добива оваа одговорност и храброст. Бараме јавно и за најкратко време извинување од „Сител“ и ги повикуваме сите Турци и слободоумни граѓани на Македонија да ја бојкотираат оваа телевизија. Во оваа пригода апелираме до сите Турци во Македонија да не паднат на ваквите ниски провокации на овој злосторнички медиум“, наведено е во соопштението на „Уфук“.