Македонија „Нетпрес“ демантира – не се самоубил нивниот сопственик

„Нетпрес“ демантира – не се самоубил нивниот сопственик

Новинската интернет-агенција „Нетпрес“ вечерва излезе со демант, во кој се наведува дека се невистинити информациите дека се убил нивниот сопственик.

„Во врска со информацијата која попладнево беше објавена на одредени интернет-портали дека сопственикот на „Нетпрес“ се самоубил, информираме дека станува збор за неточна информација. Лицето за кое се објавува информацијата воопшто не е сопственик на „Нетпрес“. Сопственик на „Нетпрес“ не е физичко, туку правно лице“, стои во демантот.

Од агенцијата, истовремено изразија искрено жалење за немилиот настан и упатија сочувство до семејството за нивната загуба.