Свет Европа Нетанјаху го изедначи Иран со нацистичка Германија

Нетанјаху го изедначи Иран со нацистичка Германија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го спореди Иран со нацистичка Германија.

– Како што нацистите сакаа да владеат со светот, уништувајќи го еврејскиот народ, така Иран сака да го контролира регионот и да ја уништи еврејската држава – рече Нетанјаху во пресрет на обележувањето Денот на жртвите на холокаустот.

Израелскиот премиер оцени дека рамковниот договор меѓу официјален Техеран и шесте светски сили за иранската нуклеарна програма е доказ дека не се научени лекциите од Втората светска војна.