Македонија Нестабилно време со пороен локален дожд

Нестабилно време со пороен локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе биде од 8 до 15, а дневната од 14 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време, утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.