Македонија Поради несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

Поради несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

Поради сообраќајна незгода со повеќе возила на автопатот А1, делница Каласлари – Велес, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, информираат од АМСМ. Пренасочување на сообраќајот по спореден пат има само за патничките возила.

Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претрпијатие „Македонија пат“. Слаб снег кој не се задржува на коловозите провејува на патните правци Попова Шапка – Тетово – Гостивар – Маврово и на Стража.