Хроника Неподвижна охриѓанка настрадала во пожар во нејзиниот стан

Неподвижна охриѓанка настрадала во пожар во нејзиниот стан

Во пожар што избувнал во нејзиниот стан на улицата Туристичка во Охрид, утрово настрадала 70-годишната М.Д., соопшти СВР Охрид.

Жената живеела сама и била неподвижна. Причините за пожарот, кој избувнал околу 7.15 часот денеска, засега се непознати.

Jавeн обвинител издал наредби за прибирање на траги од станот и ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната инсталација во станот. Исто така, издадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатата.​