Македонија Нема да се прогласи епидемија на туларемија во Македонија

Нема да се прогласи епидемија на туларемија во Македонија

Нема потреба од прогласување епидемија на туларемија во Македонија, оцени министерот за здравство, Никола Тодоров.

– Беше прогласена епидемија на локални подрачја, каде има локални жаришта, за да се избегнат дополнителни нови случаи. Од тој момент досега нема нови случаи. Остана последната бројка на заразени – изјави Тодоров, додавајќи дека преземените задолжителни мерки за вакви случи веќе дават добри резултати.