Македонија Нема да продолжи летното сметање на времето, одлучи Владата

Нема да продолжи летното сметање на времето, одлучи Владата

Фото: Sonja Langford, Unsplash

Во сметањето на времето промени нема да има, па така, граѓаните овој викенд во ноќта меѓу 29 и 30 откомври ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад. Имаше можност да се задржи летното сметање на времето, но сепак тоа нема да се случи.

Откако Министерството за економија направило анализа, Владата денеска одлучила да не продолжи летното сметање на времето. Владата анализираше дали Македонија би можела да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, за тоа да помогне да се заштеди електрична енергија.