Македонија Некои категории вработени и понатаму ќе седат дома, моловите ќе работат до...

Некои категории вработени и понатаму ќе седат дома, моловите ќе работат до 22 часот

Владата на својата вечерашна седница донесе одлука по престанувањето на вонредната состојба да остане на сила мерката за ослободување од работните обврски на родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

Исто така, донесена е одлука моловите да може да работат до 22 часот секој ден освен во недела.