Свет Свет Некои делови во светот ја дочекаа Новата 2017 година

Некои делови во светот ја дочекаа Новата 2017 година

Австралија и Нов Зеланд ја дочекаа Новата година, а во 2017 влегоа и некои острови како Самоа, Тонга и Карибати.

Традиционално, спектакуларен огномет беше организиран над позната Сиднејска опера, а годинава им беше посветен на починатите музичари Принц и Дејвид Боуви.

Прв поголем град кој исто така ја дочека 2017 година, е Окланд на Нов Зеланд.

Новогодишни прослави во светските метрополи се одржуваат под засилено обезбедување поради стравување од терористички напади.

Низ градовите во Франција ќе бидат присутни 100.000 полицајци, во Москва на Црвениот плоштад ќе има 5.000 полицајци, а улиците во Њујорк ќе ги обезбедуваат 7.000 полицајци.