Македонија Не сме тука да ја урнеме власта, туку да ја заштитиме автономијата...

Не сме тука да ја урнеме власта, туку да ја заштитиме автономијата на Универзитетот

Професорите и студентите кои денеска одржаа отворено заседание пред Собранието на Република Македонија, го доставија писмото со кое бараат три месеци рок да се разговара и да се дебатира за измените на законите.

Претходно се прочита и писмото со поддршка од професорите во странство. Пред насобраните се обрати и Владимир Делов од „Студентски пленум“, кој рече дека тие не се тука да ја симнат власта за да дојде некој друг, туку за да ја заштитат автономијата на универзитетот.

Професорката Билјана Ванковска рече дека ако сепак власта ги донесе измените, тие се подготвени и за граѓанска непослушност.