Македонија Не поминаа предлог-законите на опозицијата за укинување на екстерното тестирање

Не поминаа предлог-законите на опозицијата за укинување на екстерното тестирање

Пратениците од власта денеска не ги поддржаа предлог-законите на опозцијата за изменување на законите за основно и за средно образование со кои опозицијата бараше да се укине екстерното тестирање.

Според опозициските пратеници, со досегашното спроведување на екстерното тестирање наместо да се подобри квалитетот на образованието, состојбите се влошиле.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека екстерното е дел од реформите што се спроведуваат за да се подобри квалитетот на образованието.