Економија НБРМ: Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо

НБРМ: Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо

Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, се вели во најновиот извештај на Народма банка.

– Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина. Што се однесува на ефектите врз домашната економија, поврзани со домашните политички случувања, се оценува дека тие се ограничени – се вели во извештајот на Народна банка.

Во него се предупредува дека и понатаму постои неизвесност во опкружувањето, што создава ризици за следниот период.

– По порастот на БДП од 3,5 отсто во третиот квартал, најновите расположливи показатели за последното тримесечје покажуваат дека овие трендови продолжуваат, што е особено видливо во индустријата, трговијата и во градежништвото. Порастот на економијата е во склад со октомвриските очекувања – пишува во извештајот и се додава дека и покрај овие поволни движења, неизвесното глобално закрепнување, а особено неповолните услови на глобалниот пазар на метали и неизвесноста поради домашните политички случувања и понатаму остануваат ризици кои може да влијаат на темпото на идното закрепнување.