Видео Наумов: Новинарот мора на време да го прекине соговорникот што шири дезинформации...

Наумов: Новинарот мора на време да го прекине соговорникот што шири дезинформации или говор на омраза

Долгогодишниот новинар и радио-водител, Столе Наумов во студиото на Канал 77. Фото: ЗГ Медиа Плус

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на новинари од „Канал 77“ за можноста дезинформации и говор на омраза да „се протнат“ во контактни емисии, односно во емисии во живо.

Емисиите во живо, особено популарни кај граѓаните со нивно учество како слушатели или гледачи, донесоа нов предизвик за македонското новинарство – соодветно да одговори на говорот на омраза, но и дезинформациите, што намерно или случајно се шират.
За своето искуство од овој тип на емисии со Габриела Додевска разговара новинарот Столе Наумов, долгогодишен водител на емисија „Стадион“ на Канал 77.
Наумов вели дека е многу значајно новинарот навремено да го предупреди, ако треба, и прекине учесникот во емисијата доколку употреби говор на омраза и да биде доволно едуциран и информиран за да препознае дезинформација и на тоа укаже.