Свет НАТО свика вонреден состанок

НАТО свика вонреден состанок

НАТО свика вонреден состанок на барање на Анкара, откако Турција урна руски борбен авион на границата со Сирија, соопшти претставник на Алијансата.

– На барање на Турција, Северноатлантскиот сојуз ќе одржи вонреден состанок во 15 часот по централноевропско време. Целта на состанокот е Турција да ги информира сојузниците за уривањето на рускиот авион – соопшти претставникот.

Северноатланскиот сојуз го сочинуваат 28 членки.