Свет НАТО му се извини на Ердоган што го постави на листата на...

НАТО му се извини на Ердоган што го постави на листата на непријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му се извини на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, затоа што неговото име се најде на листата на непријатели за време на воена вежба.

Ердоган повлече 40 војници од вежбата затоа што неговото име, но и името на Кемал Ататурк, се најдоа помеѓу непријателите и рече дека тоа „не е единство и не е алијанса“.

Столтенберг истакна дека инцидентот не претставува став на НАТО и дека е во прашање „потег на поединец“, како и дека листата на непријатели, наводно, ја составувало лице што не е вработено во НАТО.

Столтенберг објасни дека тоа лице било под договор со норвешките власти, кои го тргнале од воената вежба и спроведуваат истрага за инцидентот.

– Турија е многу ценет сојузник на НАТО и тие придонесуваат за заедничката безбедност – изјави Столтенберг.