Свет Балкан НАТО ѝ упати покана на Црна Гора за членство

НАТО ѝ упати покана на Црна Гора за членство

Министрите за надворешни работи на НАТО, денеска со консензус одлучија да ѝ упатат покана на Црна Гора за пристапување во Северноатлантскиот сојуз.

Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, изјави дека тоа е историски чекор со кој се потврдува политиката на отворени врати на Алијансата за Западен Балкан.

Последното проширување на НАТО беше во 2009 година, кога во Алијансата се приклучија Албанија и Хрватска.