Свет Европа НАТО и Русија и понатаму имаат сосема различни ставови за судирите во...

НАТО и Русија и понатаму имаат сосема различни ставови за судирите во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека западниот воен сојуз и Русија и понатаму имаат сосема различни ставови околу судирите во Украина.

Столтенберг го изјави ова по состанокот на амбасадорите на НАТО со рускиот претставник Александар Грушко во Брисел.

Првиот човек на Алијансата го опиша состанокот меѓу Советот на НАТО и претставниците на Русија како искрена и отворена дискусија за Украина, Авганистан, за транспарентноста, како и за намалување на ризиците.

Односите на Москва и на Западот се влошија по руската анексија на Крим во март 2014 година и поддршката на Русија на сепаратистите во Источна Украина.

Од почетокот на судирите меѓу силите на Киев и проруските бунтовници, загинаа повеќе од 10.000 лица.