Свет Европа Наставникот од Париз измислил дека бил нападнат од терорист на ИД

Наставникот од Париз измислил дека бил нападнат од терорист на ИД

Наставник во едно училиште во преградието Обервилие во близина на Париз призна дека измислил дека бил нападнат во училница и дека напаѓачот извикувал „Исламска држава“.

Францускиот јавен обвинител соопшти дека приказната е измислена. Откако нападот бил пријавен, полицијата тргнала во потрага по осомничениот.

Наставникот долго време бил испрашуван во полициска станица, а сите информации за случајот биле засновани само на неговата приказна.

Француските служби за безбедност и понатаму одржуваат високо ниво на будност по терористичкиот напад во Париз на 13 ноември, а низ Европа оттогаш забележани се повеќе случаи кои на почетокот се поврзуваа со ИД, за подоцна да се открие дека станува збор за лажна тревога.