Технологија Наука Наскоро вадење крв без игла

Наскоро вадење крв без игла

Американските научници осмислиле направа за вадење крв со чија помош целата постапка ќе се одвива едноставно, безболно и без игла, а која би можела да се најде во продажба уште следната година.

Апаратот со големина на топче за пинг-понг, функционира така што се поставува на кожата околу две минути, а за тоа време посебниот вакуумски дел на справата, преку капиларите го „вшмукува“ потребното количество крв, која потоа протекува во епрувета прицврстена за апаратот.

– Технологијата се темели на сили кои управуваат со протекот на тенок мраз крв – вели Бен Касавант, потпретседател и основач на компанијата „Тасо инк“, која ја осмислила направата.

Експертите се надеваат дека американската Дирекција за храна и лекови ќе го одобри пуштањето на апаратот на американскиот пазар до крајот на годинава, а во продажба би се нашол во текот на следната година.