Свет Европа Наскоро граѓаните на ЕУ нема да можат да го кријат богатството во...

Наскоро граѓаните на ЕУ нема да можат да го кријат богатството во швајцарските банки

Швајцарија и Европската унија(ЕУ) денеска постигнале договор за директна размена на даночните податоци на граѓаните од земјите-членки на ЕУ, пренесува хрвастката државна телевизија ХРТ.

Размената на податоците, како што е предвидено, треба да почне од 2018 година.

Европската комисија (ЕК) договорот го оценила како важен чекор напред во сузбивањето на даночната евазија, бидејќи граѓаните на ЕУ повеќе нема да можат да го кријат своето богатство на банкарски сметки во Швајцарија, од даночните власти во своите матични земји.

Сепак, договорот треба да добие и службена заверка, односно да биде потпишан, а како што наведува ХРТ, тој би можел да биде и предмет на референдум во Швајцарија.