Хроника Насилници грабнале и малтретирале тетовец поради наводна кражба

Насилници грабнале и малтретирале тетовец поради наводна кражба

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел пријава против Ј.И. (35), кој се товари за кривичните дела противправно лишување од слобода и насилство.

Како што информираат од полицијата, осомничениот, на почетокот од април годинава, на улица во градот сретнал 35-годишен тетовец и го повикал да одат заедно за, наводно, да ставаат фолии на стаклата на неговиот автомобил.

Двајцата заминале кон ресторан во Тетово, каде потоа дошле уште две лица, кои почнале да му се закануваат на тетовецот со пиштол поради, наводно, украден лаптоп, а потоа почнале да го удираат.

Од ударите, тетовецот паднал во бесознание и подоцна се разбудил во Клиничката болница во Тетово.