Свет Насилни протести во Фергусон

Насилни протести во Фергусон

Стотици граѓани се собраа на улиците на Фергусон, а во еден момент простестите излегоа од контрола

Одлуката на поротата во американскиот град Фергусон, Мисури, да не го осуди полицаецот што уби едно црно момче на 9 август годинава, предизвика насилни протести во градот. Стотици граѓани се собраа на улиците на Фергусон, а во еден момент простестите излегоа од контрола, со што се создаде неред и хаос. Американскиот претседател Барак Обама ги повика демонстрантите да не предизвикуваат насилства, а полицијата да покаже воздржаност.

Големата порота не најде причина да покрене обвинување против полицаецот Дарен Вилсон, а семејството на убиеното момче изрази длабоко разочарување од ваквата одлука.

Протести имало и во други американски градови, вклучувајќи ги и Њујорк и Лос Анџелес.