Македонија Народниот правобранител ги потсети граѓаните на остварување на нивното избирачко право

Народниот правобранител ги потсети граѓаните на остварување на нивното избирачко право

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11 декември, Народниот правобранител ги потсети граѓаните за важноста на избирачкото право и начинот на остварувањето и заштитата на ова право.

Народниот правобранител Иџет Мемети упати апел до институциите и сите други за обврската и за одговорноста за создавање реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски избори.

– Секој има право да се изјасни за својата опција без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат, напротив, мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид го штити нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина – се вели во соопштението на Народниот правобранител.