Македонија Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово

Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Teтово, во спортската сала на Медицинското училиште „Никола Штејн“. На собирот ќе се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски, и други членови на високото раководство на партијата.

Настанот е дел од караванот на големи собири на владејачката партија низ целата земја, на кои партиското раководство порачува дека нема да дозволи никакви црни сценарија за државата.

– Почнавме една позитивна практика директно да одиме и да се среќаваме со граѓаните и заедно со нив да ги разговараме најбитните проекти, а во исто време граѓаните да се запознаат со она што го имаме реализирано и она што планираме да го реализираме во иднина, но секако и да искажаат одредени свои идеи и ставови – рече пратеникот Александар Николоски по повод денешниот настан во Тетово.