Македонија Наплатата на патарина на автопатот Миладиновци – Штип почнува в понеделник во...

Наплатата на патарина на автопатот Миладиновци – Штип почнува в понеделник во 7 часот

Фото: Архива на Мета.мк

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) соопшти дека од 7 часот в понеделник, 18 јули, ќе бидат ставени во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина.

Цените на патарините, според категории возила:

Наплатна станица Преод
1А Категорија    40 денари или 0,5 евро
1Б Категорија    70 денари или 1,5 евро
2-ра Кат.          100 денари или 2 евра
3-та Кат.          180 денари или 3 евра
4-та Кат.          270 денари или 4,5 евра

Наплатна станица Кадрифаково
1А Категорија   30 денари или 0,5 евро
1Б Кат.             50 денари или 1 евро
2-ра Кат.          80 денари или 1,5 евро
3-та Кат.         150 денари или 2,5 евра
4-та Кат.         220 денари или 4 евра