Свет Напаѓачот од Орегон извршил самоубиство

Напаѓачот од Орегон извршил самоубиство

Напаѓачот кој уби девет лица на колеџ во Орегон, извршил самоубиство по пресметката со полицијата, соопштија американските власти.

– Патологот утврди дека причината за смртта на напаѓачот е самоубиство – соопшти шерифот на округот Далас, Џон Хенлин.

Новите детали од истрагата за маскрот покажуваат дека еден од преживеаните, кој во нападот бил ранет, му се спротиставил на напаѓачот и така спречил бројот на жртвите да биде поголем.

Во нападот загинаа еден професор по англиски јазик и осум студенти.