Свет Балкан Нападната православна црква во Истанбул

Нападната православна црква во Истанбул

Православна црква во Истанбул синоќа е нападната со молотов коктел, јавуваат турските медиуми.

На интернет се појави снимка на која е се гледа маж, како на арапски јазик извикува „Алах е голем“, по што го фрла молотовиот коктел кон црква во квартот Кадкој. Влезната врата на црквата се запалила, но набргу била изгасната.

Полицијата го уапсила напаѓачот.