Свет Европа Нападнат полскиот конзулат во Украина

Нападнат полскиот конзулат во Украина

Неидентификувани лица го нападнаа конзулатот на Полска во западниот украински град Лутск, при што се оштетени покривот и прозорците, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци.

Според весникот „Волин 24“, инцидентот се случил околу полноќ, а во нападот нема повредени.

Сè уште не се знае дали на конзулатот е пукано или е гранатиран. Полицијата сè уште се нема огласено во врска со инцидентот.