Хроника Нападнат полицаец на спортско игралиште

Нападнат полицаец на спортско игралиште

Полициски службеник бил физички нападнат од две лица при превземање мерки по претходна пријава за гласна музика.

„На улицата „Кеј 13-ти Ноември“ на спортско игралиште полициски службеник при превземање мерки по предходна пријава за гласна музика бил физички нападнат од страна на З.И.(33) и Е.И.(28). Во тој момент поради загрозување на неговата безбедност и безбедноста на приправникот кој бил заедно со него испукал четири куршуми во воздух за предупредување, а веднаш потоа осомничените избегале од местото на настанот, но по кратко време истите се пронајдени и приведени и целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“, информират од МВР.