Хроника Нападнат полицаец кој нашол дрога во вила во Охрид

Нападнат полицаец кој нашол дрога во вила во Охрид

Џ.А (43) од Охрид нападнал полицаец кој во вила „Пијано“ во Охрид пронашол неколку опаковки со бела паршкаста материја.

„Осомничениот кој стпанисувал со вилата, претходно побарал од полицаецот да не ги пријавува откриените паковки со прашкаста материј, а потоа со тупаница го удрил полицаецот во пределот на градите кинејќи му делови од облеката по што се обидел да ги оштети пронајдените опаковки. Тој бил спречен во намерата да продолжи со физичкиот напад врз полицискиот инспектор кој е пренесен во општата болница во Охрид“, информираат од МВР.

Напаѓачот бил приведен поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Џ.А. веќе е на издржување затворска казна во казнено поправната установа-затвор Струга.