Подглавна секција Нападите во Русија со американски ракети се клучни за Украина да стави...

Нападите во Русија со американски ракети се клучни за Украина да стави крај на војната, вели Зеленски

Неговиот план за „праведен мир“ се уште не е објавен, но на брифингот за медиумите во Киев, Зеленски рече дека планот вклучува изведување напади со ракети во Русија.

Фото: Bild von Gerd Altmann auf Pixabay

Володимир Зеленски побара од Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да изврши удари со долг дострел во Русија со оружје испорачано од САД.

Говорејќи пред клучното патување следната недела во Вашингтон, каде што ќе се сретне со Бајден и Камала Харис, и ќе се обрати пред ОН, Зеленски рече дека ќе претстави „план за победа“ за ставање крај на војната, пишува Гардијан. 

Неговиот план за „праведен мир“ се уште не е објавен, но на брифингот за медиумите во Киев, Зеленски рече дека планот вклучува изведување напади со ракети во Русија.

Велика Британија посочи дека е подготвена да и дозволи на Украина да користи британски крстосувачки ракети, додека Белата куќа останува скептична.

Покрај средбата со Харис, Зеленски рече дека „најверојатно“ ќе има средба со Доналд Трамп во четврток или петок.

Зеленски го опиша упадот на Украина минатиот месец во руската област Курск како успех, навестувајќи дека тоа би можело да стане дел од идните преговори. Тој рече дека операцијата ја спречи Русија да изврши сопствен напад врз северната украинска провинција Суми. „Непријателот“ беше принуден да прераспореди 42.000 војници од другите делови на фронтот, рече Зеленски.